| |

58 офицери дипломираа на бугарската воена академија „Г. С. Раковски“

Педесет и осум офицери од генерацијата 2026 „Априлска“ добија дипломи за завршено високо образование на бугарската Воена академија „Георги Стојков Раковски“. Просечниот успех на генерацијата е одличен 5,80, јавува Армимедија.

На свечената церемонија присуствуваа претседателката и врховен командант на Вооружените сили Илијана Јотова, заменик-министерката за одбрана Катерина Граматикова-Иванова, началникот на академијата генерал-мајор Стајко Прокопиев и директорот на Штабот за одбрана генерал-мајор Здравко Пехливанов.

„Останете верни на воeна заклетва, со чест и достоинство исполнувајте ја должноста кон татковината“, им порача Јотова на дипломираните офицери. Таа нагласи дека современото бојно поле брзо се менува со новите технологии, вештачката интелигенција и дејствувањето во физичкиот, информацискиот, вселенскиот и сајбер-просторот.

Според заменик-министерката Граматикова-Иванова, новите офицери ќе преземат повисоки должности во период на забрзана модернизација и изградба на нови одбранбени способности на Бугарската армија.

Првенец на генерацијата во специјалноста „Стратегиско раководење со одбраната и Вооружените сили“ е полковник Момчил Димитров, кој дипломирал со просек 6,00.

„Пред нас стојат нови одговорности и предизвици, кои веруваме дека ќе ги пречекаме со чест и достоинство“, изјави Димитров во име на генерацијата.

Слични Објави