Ветеринари од АХВ денес ќе утврдат животното од Козле е куче или волк
Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведат вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина со цел утврдување на видот на заловеното животно и неговиот здравствен статус.
Оттука ги демантираат наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено.
Животното беше заловено синоќа, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави: Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина.
