Акциска контрола на полицијата во угостителски објекти во Кичево и Охрид

/

 Полицијата во текот на изминатата вечер извршила акциска контрола во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид.-Притоа, во село Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој. Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на Законот за забрана за пушење во затворени простории, соопшти МВР.
Акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од ОВР Гостивар и СВР Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Украина ќе ги ограничи активностите на 11 проруски партии во земјата

Следна статија

Чавушоглу: Русија и Украина се приближуваат кон договор за „клучните“ прашања

Најново од Вести