БОКИ 13 Ѝ РЕЧЕ НА СУДИЈКАТА ДА НЕ ГО ДЕКОНЦЕНТРИРА

Обвинетиот Бојан Јовановски во директно испрашување на сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, ја праша дали се сеќава на гала-вечерите организирани во нивната, како што рече “велелепна палата”.

“Дали се сеќавате на гала-вечерите организирани во вашата велелепна палата”?, рече Јовановски.

Судијката не го дозволи прашањето и му се обрати на Јовановски да не се расправа со Камчева во судницата.

Сопругот на Камчева, Бојан Јовановски го нарече “вашиот сакан и ценет сопруг”. Судијката Васка Николовска Масевска која се обидува да стави ред во судницата и постојано се консултира со нејзината колешка во советот, го опомена да не дели квалификации.

Јовановски постави и следно прашање: “Дали за мене приготвувавте специјални вечери”, рече обвинетиот, а судијката не го дозволи одговорот.

Обвинетиот рече дека за Камчева ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело и откако повторно беше опоменат од судијката се пожали дека ништо не му е дозволено да ја праша Камчева.

“Па дајте осудете ме да не се мачиме. Ме деконцентрирате…”, рече Јовановски. Судијката го праша дали знае каде се наоѓа и дека ќе го отстрани од судницата.

Извор: Макфакс