ЗАЕВ НЕ ЈА ИСКЛУЧУВА МОЖНОСТА ЗА ПРЕДВРЕМЕНО РАТИФИКУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО

Премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста за предвремено ратификување на Протоколот за НАТО, ако Шпанија не формира Влада пред распуштањето на Собранието. Според него, тоа е работа на власта, а барањата на опозицијата се политиканство.

На брифинг со новинарите, премиерот истакна дека очекува Шпанија да го ратификува протоколот до крајот на јануари, по што останува ратификацијата само во нашиот Парламент.