|

Гаши ги распиша локалните избори

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша решението за распишување на осмите локални избори, кои ќе се одржат на 19 октомври годинава. Решението е донесено согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, со почитување на законскиот рок од 70 до 90 дена од распишувањето до денот на одржувањето на изборите.

Со ова започнуваат да течат роковите за спроведување на сите изборни дејствија, во согласност со Изборниот законик и календарот што ќе го усвои Државната изборна комисија.

Граѓаните ќе гласаат за градоначалници и членови на советите во 80 општини и во Град Скопје. Вториот круг за избор на градоначалници, каде што ќе биде потребно, ќе се одржи на 2 ноември.



Слични Објави