| | |

(Видео) Бронзова лампа откриена на форумот на Хераклеја Синтика

За првпат при археолошките истражувања на форумот на античкиот град Хераклеја Синтика беше откриена бронзова лампа. Наодот е направен во североисточниот агол од форумот, каде што екипата на проф. д-р Људмил Вагалински од Националниот археолошки институт при БАН проучува две соседни простории. Во една од нив е зачувана подна мозаиκа, што ја потврдува хипотезата дека станува збор за јавна зграда.

Токму на оваа локација претходно беше пронајдена и впечатлива црвена гема со претстава на Дионис, информира „Archaeologia Bulgarica“, пренесува БГНЕС.

„Сè уште сме во почетна фаза на истражувањето и не можеме со сигурност да кажеме за намената на зградата,“ изјави проф. Вагалински. „Но поради хидрофобната малтерна обвивка на одредени места и глинената водоводна цевка во близина, сега сум склон да претпоставам дека се работи за бања. Сè уште немаме готово датирање, но според формата, бронзовата лампа може да се смести кон крајот на III – почетокот на V век.“

Лампата нема украси, но и покрај тоа се смета за скапоцен предмет. „ За првпат откриваме ваква од почетокот на ископувањата во Хераклеја Синтика. Колку и да се убави глинените лампи, тие за разлика од металните се кршливи и затоа се поевтини,“ додаде Вагалински.

Слични Објави