|

БУГАРИЈА ДОБИ ПОФАЛБА ОД АМБАСАДОРКАТА НА САД ЗАРАДИ СПРАВУВАЊЕТО СО КОРОНАВИРУСОТ

„Треба да бидете многу горди на вашата земја. Не само заради работата на владата, туку и заради лекарите, полицијата, волонтерите, фармацевтите, луѓето зад шалтерите во супермаркетите. Мора да бидете многу горди на тоа како вие како нација се справувате со кризата “, рече американскиот амбасадор во Бугарија, Херо Мустафа, во видео конференција со бугарските новинари одржана вчера.

Таа ги повика Бугарите да останат доследни и да продолжат да ги почитуваат ограничувањата.

„Мислам дека влијанието на пандемијата во Бугарија ќе биде помало во однос на други земји“, додаде американската дипломатка.

Таа ја пофали работата на Националниот кризен штаб и мерките што ги презеде Владата за справување со кризата.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето што се на првата линија, лекарите, медицинските сестри, полицајците, фармацевтите, за сè што прават за да им помогнат на бугарските граѓани и гостите како нас“, рече амбасадорот Мустафа.



Слични Објави