| |

АВТОБУСИТЕ НА ЈСП УТРЕ ЌЕ СООБРАЌААТ ВО ДВЕ СМЕНИ И ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД

Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека утре јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но по неделен возен ред.

Утре, дежурни ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација.

Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зеленото пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.

ЈСП потсетува дека услугите може да се купат и во повеќе од сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП „Скопје“.

Во согласност со одлуката на Владата за забрана на движење на сите граѓани во периодот од 16 часот в петок, па до 5 часот во вторник, јавниот превоз нема да функционира. Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП „Скопје“.

Слични Објави