| |

СПАСОВСКИ, ФИЛИПЧЕ И ОСМАНИ НЕ ОТИДОА НА СЕДНИЦА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ

Премиерот Спасовски, Вицепремиерот Османи и Министерот за здравство Филипче, не отидоа на седницата на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски. Ова за А1 Он го потврдуваат извори од претседателскиот кабинет. Како причина за отсуството на тројцата функционери се наведува фактот дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриовски има корона вирус. Советот за безбедност на Р. Македонија, денеска ќе одржи седница на која се очекува одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата.



Слични Објави