ТАРАВАРИ: ИАКО ИМАМ ПОЛИТИЧКА ФУНКЦИЈА НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНАВ ДА РАБОТАМ КАКО ЛЕКАР
„Иако имам политичка функција како Министер за здравство првично, потоа избран како Градоначалник на Општина Гостивар, никогаш не прекинав да работам како лекар. Непрекинато врз основа на закон кој овозможува 8 работни часа во текот на неделата си ја вршам мојата професионална дејност како лекар невролог на Државен Клинички центар Мајка Тереза-Скопје, без финансиски надомест. Со ова се потврдува и фактот дека и понатаму продолжувам посветено да им служам на граѓаните на оваа држава за било каква потреба од областа на мојата професионална дејност како Лекар“, напиша на својот facebook, д-р Арбен Таравари градоначалник на Гостивар.