Првиот човек на УНХЦР повика на спречување на понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах
Високиот комесар на ОН за човекови права Вокер Турк денеска ги повика сите оние кои имаат влијание на Блискиот Исток да се обидат да спречат понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, изразувајќи загриженост за опасната ескалација на тензиите.
„Високиот комесар на ОН Вокер Тирк ги повикува сите држави и актери со влијание во регионот и пошироко да спречат понатамошна ескалација и да направат се што можат за да обезбедат целосно почитување на меѓународното право“, рече портпаролката на Турк на брифинг со новинарите во Женева, според Ројтерс.
Таа нагласи дека израелските методи и средства за војување се многу сериозни и предизвикуваат загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право.