Најпосакувани дестинации за студирање во странство за бугарските кандидат-студенти се Холандија, Австрија и Шпанија
Холандија, Австрија, Германија, Италија и Шпанија се издвојуваат како најбараните дестинации за високо образование во странство меѓу бугарските кандидат-студенти за академската 2025/26 година, јавува БНР.
Според податоците на една од водечките агенции за образование во странство, 27% од сите новозапишани студенти ја избрале Холандија, 12% Австрија, а 11% Шпанија. Германија и Италија следуваат со по 9%, додека Обединетото Кралство бележи пад на интересот и привлекува 8% од студентите.
Според Николај Христaнов, менаџер за високо образование во „Агенција за образование во странство“, најголем интерес предизвикуваат специјалностите: бизнис и менаџмент, компјутерски технологии, економија и инженерски науки.
Експертите укажуваат и на нова тенденција – се поголем број ученици се ориентираат кон иднината уште по завршување на 7. одделение, барајќи совети кое средно училиште да го изберат и како тоа ќе влијае на нивниот понатамошен избор на универзитет.
Во одговор на растечкиот интерес, од 4 до 7 октомври во Софија, Пловдив, Бургас и Варна ќе се одржи традиционалното есенско изложение „Светско образование“, на кое ќе учествуваат претставници на над 50 образовни институции од Бугарија и странство.
