| |

Бугарскиот град Хисарја стана член на Европската асоцијација на историски термални градови

Бугарскиот град Хисарја официјално е примен во Европската асоцијација на историски термални градови (EHTTA), јавува БГНЕС. Со своето приклучување, градот зазема место меѓу најреномираните европски дестинации со термална традиција и културно наследство, соопштија вчера министерот за туризам на Бугарија Мирослав Боршош и градоначалничката Ива В’лчева.

EHTTA е основана во 2009 година во Брисел и обединува 50 членови од 18 држави – 37 општини и 13 асоцирани организации. Асоцијацијата е признаена од Советот на Европа, а од 2019 година е и афилиран член на Светската туристичка организација (UNWTO).

„Придружувањето на Хисарја во EHTTA е признание за неговата вековна традиција во медицинскиот туризам и балнеолекувањето, за зачуваното римско културно наследство и минералните извори со докажани лековити својства. Ова е важен чекор кон афирмација на Бугарија како водечка СПА и балнео дестинација во Европа“, изјави министерот Боршош.

Градоначалничката В’лчева нагласи дека членството е резултат на заедничка работа со Министерството за туризам, научници и експерти: „Хисарја го заслужува ова признание, а со него – и Бугарија. Не беше лесно постигнато, но претставува успех за целиот град и државата.“

Хисарја е еден од најстарите балнеолошки одморалишта во Бугарија, чија термална традиција потекнува уште од римско време. Градот, симбол на поврзувањето меѓу историја, културно наследство и лековити минерални води, сега е дел од престижната европска мрежа што ќе придонесе за поголема промоција на бугарските СПА и балнео дестинации.

Слични Објави