Тагарев: Поддршката за Украина е претпоставка за создавање на погодни услови за прекин на војната
Министерот за одбрана на Бугарија зеде учество во првиот ден од средбата на министрите за одбрана на НАТО што се одржува во Брисел. Во своето обраќање Тагарев подвлече дека создавањето на сојузот НАТО- Украина, го покажува високото ниво на односите на Алијансата со Украина и ангажманот со НАТО, јавува Министерството за одбрана на Бугарија.
,, Поддршката за Украина е претпоставка за создавање на погодни услови за прекин на војната и заедно со храброста и хероизмот на бранителите на Украина а исто така и со зацврстувањето на украинското општество ќе го донесат мирот”, истакна Тагарев.
Непосредно пред почетокот на средбата Тагарев учествуваше во контакната група која ја координира доставата за воена помош на Украина. Претседателот на Украина, Зеленски, искажа благодарност за поддршката на сите држави во групата а Тагарев во своето обраќање подвлече дека Бугарија продолжува да ја поддржува Украина во нејзините напори за против дејство на руската агресија.
Во рамките на средбата Тагарев потпиша Меморандум со министерството за одбрана на Украина Рустем Умеров, во кој земјите потврдуваат подготвеност за зајакнување на соработката во сферите на одбранбената политика, воено техничка соработка, военото образование и др.
Тагарев се сретна и со командантот на силите на НАТО во Европа, Генерал Кристофер Каволи. Двајцата разговараа за клучни прашања поврзани со одлуките од средбата во Вилнус и безбедноста во црноморскиот регион. Тагарев го информираше генералот за преземените чекори за зајакнување на одбранбениот потенцијал на источниот фланг на НАТО.

