Бугарија ќе биде домаќин на првата меѓународна олимпијада за вештачка интелигенција
Од 9 до 15 август Бугарија ќе биде домаќин на првата меѓународна олимпијада за вештачка интелигенција. Истата ќе се одржи во градот Бургас, пренесува Актуално.
Ученици од 40 земји доаѓаат во приморскиот град за да ја тестираат својата сила на полето на вештачката интелигенција. Во составувањето на задачите се вклучени меѓународни научници од водечки универзитети ширум светот. Раководител на бугарскиот тим е Јоан Саламбашев.
„Бугарија го организира првото издание на Олимпијадата. Олимпијадата е поделена во два круга. Има научна рунда која е веќе во тек. Задачите се во три насоки: машинска самообука, обработка на природен јазик и компјутерска визија.
Според неговите зборови, идејата е да се покаже дека вештачката интелигенција не е закана, а исто така и луѓето да се запознаат со таа материја.
„Луѓето се тие кои одлучуваат што ќе направат со вештачката интелигенција. Таа не е закана што може да не збрише“, нагласува Саламбашев.
