КОЛЕВ ДО ВМРО-ДПМНЕ: НЕ ПРОДАВАЈТЕ ПОПУЛИЗАМ ТУКУ ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ ШТО ГИ ИСКРАДОВТЕ ОД ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА
„Слушам, дека ВМРО-ДПМНЕ во Битола, започнала некаква патриотска иницијатива за да го вратела духот на патриотизмот во градот. Да го вратела името, да го вратела знаемето или не знам што. Почитувани, бевте 11 години на власт и ако толку многу го сакавте старото знаме на нашата земја, имавте можност во тие 11 години да го вратите. Не продавајте популизам туку вратете ги парите, коишто тие 11 години ги искрадовте од нашите даноци и од иднината на нашите деца“- изјави Петар Колев од Битола за време на отворањето на локалниот клуб на неговата партија ГДУ во градот.