СТАРТУВА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – АТИНА

По пауза од 10 години, на скопскиот аеродром денеска попладне ќе биде одбележано повторното воспоставување на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во „Ејџиан Ерлајнс“, Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Како што објави МИА, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик Ер“, подружница на „Ејџијан Ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „Кју400“ со капацитет од 78 патници.

Извор: Канал 5