| |

ПОЧНУВА СО РАБОТА НОВАТА АГЕНЦИЈА ОТА

Почнува со работа на новоформираната Оперативно-техничка агенција (ОТА), со која треба да се стави крај на нелегалното прислушување во земјата. Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, избран со мандат од 5 години и без право на реизбор, гарантира дека таквата практика останува во историјата. Ваквите гаранции произлегуваат од техничката и медијаторска улога што ќе ја има ОТА во однос на комуникациите. Имено, наредбата за прислушување од Обвинителството ќе оди до ОТА, по што таа ќе го пренасочува сигналот кон корисникот, односно барателот на услугата. Вработените во ОТА нема да можат да собираат податоци и да слушаат, само ќе можат да го вклучат сигналот. Од друга страна, барателот ќе може само да слуша и да собира податоци, но не ќе може да приклучува, со што се избегнува можноста од злоупотреба.

 



Слични Објави