| |

ВМРО-ДПМНЕ: НАЈАВАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ Е ПРИЗНАНИЕ ЗА ЕКОНОМСКАТА КАТАСТРОФА, ЗАЕВ Е НАЈОПАСНА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА НА МАКЕДОНИЈА

Зоран Заев повторно најави зголемување на даноците! Ова е јасно признание за економската катастрофа што и се случува на Македонија. Ова е уште една одлука на Заев да им стави рака во џеб на граѓаните и да им собере пари за да го покрие расипништвото и неспособноста.

Зоран Заев е најопасната елементарна непогода што и се случила на Република Македонија.

Неговите штети ги плаќаат граѓаните.

Една година власт на СДСМ, една година повисоки цени и помали плати. Една година од црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев е една година без капитални инвестиции и напредок.

Македонската економија стагнира како резултат на неспособноста на владата на СДСМ, а граѓаните загубија една година од „животот“ кој им го вети СДСМ. Година во која економијата тоне, а криминалниот картел на власт ги брои милионите на своите сметки.

Растот на БДП за 2017 година е еднаков на нула, а ништо подобар не е ни во првиот квартал од новата година, период за кој тој изнесува катастрофални 0,1 проценти. Градежништвото кое е моторот на економијата и е во тесна врска со уште 20 други индустриски гранки бележи пад од 37 проценти.

Македонија е на дното во регионот и Европа на полето на економијата. Додека целиот континент бележи значителен економски раст, македонската економија е пред колапс. Економиите на сите наши соседи бележат раст, а владата на СДСМ и Заев и покрај катастрофалните резултати на економски план, продолжува со штетните економски политики.

Триото погубно за македонската економија составено од Заев, Тевдовски и Анѓушев треба да ги симне розовите очила и да ја погледне сивата слика во македонската економија. Владата на Заев нема ниту капацитет ниту пак волја да се справи со реалните проблеми на граѓаните.

Одговорност за катастрофалните резултати во економијата мора да има. Најодговорни за економското цунами се Заев, Тевдовски и Анѓушев. Додека тие ги полнат своите џебови и купија се што можеше да се купи во државата, обичниот граѓанин е на работ на егзистенцијата. Оваа непогода во економијата мора час поскоро да си замине. Македонија и граѓаните, заслужуваат подобро, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави