Ковачевски: И во услови на светска криза РЕК Битола произведува најголем дел од струјата за нашата земја

/

Премиерот Димитар Ковачевски го посети РЕК Битола по повод 40-тиот роденден од формирањето на оваа компанија.

-Упатувам честитки по повод јубилејот 40 години РЕК Битола – срцето на македонската енергетика и столбот на македонската економија.

РЕК Битола е енергетски капацитет кој беше исклучително важен за осамостојувањето на нашата држава. И денес во услови на најголемата светска енергетска криза, РЕК Битола произведува најголем дел од електричната енергија во земјава. Без стабилен електроенергетски систем, нема стабилна држава и затоа во најтешката зима која е пред нас максимално работиме за непречено и стабилно снабдување со електрична енергија, поддршка на граѓаните и стопанството со обезбедување евтина струја од домашно производство, а уделот на РЕК Битола е клучен.





Претходна статија

Македонскиот амбасадор во НАТО Дане Талески ја посети Украина

Следна статија

Град Скопје: Започнува реконструкција на 36 мостови

Најново од Вести