„КОНЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ТРЕБА ДА СЕ СВРТИ КОН ИДНИНАТА, СО ИМЕТО СЕ СЛУЧИ ТОА ШТО СЕ СЛУЧИ“ – ДАЛИ, Г-НЕ КОНЕВСКИ?!

Господине Коневски, што правевте 11 години?! Имавте доволно време да ја зајакнете економски државата, имавте доволно време да започнете преговори за членство во Европската Унија и НАТО алијансата, а наместо тоа вие носевте инвеститори од странство. Не дека ова не е еден вид на напредок, но тие фирми се ослободени од сите такси, лицата кој што работат во тие јаки моќни странски фирми работат за мизерна минимална плата и тоа во 3 смени, и за жал се договоривте со тие фирми, за ефтина работна сила, знаејќи дека пусто Македонче сѐ ќе прифати да работи во оваа немаштија…Тоа не е за пофалба, господине Коневски, тоа е голем срам за државава и исмејување на народот во неа.

Да се осврнеме на лажниот патриотизам кој што се продава со години наназад. Во колку наврати преговаравте за името? Како демек вие немаше да го смените а бевте многу блиску до тоа, нели? Но морам да ве пофалам дека сте многу успешни во манипулирање на десно- партиски ориентираните граѓани, кои сѐ уште веруваат во тоа дека да беше десничарска партија, името немаше да се смени! Смешки! Кои сме ние што сме една педа земја, каде што секогаш „големците“ раководеле со нас, понародски кажано „кој како свири ние така играме оро“! За жал, во овие 27 години, и левицата и десницата без разлика дали биле позиција или опозиција, дозволивте друг да ни кажува како да го играме тоа оро! Еве името се смени сега, но имаме јасна порака и цел од „големците“- „без реформи во секоја сфера, ние пак ќе си тапкаме во место и нема да има ниту ЕУ, ниту НАТО.

Да се осврнам на уште една болна тема. Вие викате треба да се заборави минатото… Портокалова револуција, па плава револуција, па бесцелни протести па циркузи! Се прашувате ли вие што прават најпрвите, стари поддржувачи ,десничари? Знаете ли вие господине дека баш поради тоа минато повеќето од нив живеат во беда?! Тие луѓе изгинаа за тие свети бои црвена и црна! Прашајте ги како им е заборавени и оставени во минатото, а тие луѓе ја издигнаа десницата уште во 90-тите години?! Прашајте ги како им е денес што десничарите се поделени на милион фракции со предавници на секој чекор исклучиво инфилтрирани за интерес?! Прашајте ги како им е и колку ги боли тоа што од десничарска ПАРТИЈА се претвори во движење?!Прашајте ги како им е што на секоја функција има некој либерал друмец од Социјалистичка партија итн. Има сѐ само десничар не! Прашајте ги колку ги боли тоа и колкава болка им нанесува фактот што служат само како машина за гласање. Барем за една работа да беа прашани тие луѓе што младоста им помина во оформување на партијата за денес вие да уживате во тие удобни фотелји!

Автор: Димитар Попандонов