„БОМБИТЕ“ ЗА „МОНСТРУМ“ ЌЕ ОДЕКНАТ ВО СУДНИЦА НА 22 АВГУСТ

//

На судското рочиште за предметот „Монструм“, закажано за 22 август, во судницата ќе се емитуваат прислушувани разговори, таканаречени „бомби“ кои се поврзуваат со петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.

Во 2015 година, поранешниот лидер на опозицијата, сега премиерот Заев, по објавувањето на прислушуваните материјали, вети објавување на таканаречените бомби за случајот Монструм, но тоа досега не се случи.



На 24 ноември 2017 година Врховниот суд реши да го врати случајот “Монструм” на повторно судење.. Судскиот процес за Монструм сега се одвива со застапување на обвинението од страна на СЈО.



Претходна статија

ВАРДАР Е МЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈПОПУЛАРНИ КЛУБОВИ ВО ЕВРОПА!

Следна статија

ДЕРБИ ГО ОСЛОБОДИ ЛАМПАРД ОД ТРЕНИНГ ЗА ДА ГИ ЗАВРШИ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЧЕЛСИ

Најново од Вести