ГДУ ШТИП СЛАВИ ЕДНА ГОДИНА ПОСТОЕЊЕ. ПОКАНЕТИ СЕ СИТЕ

Во недела, Граѓанско демократската унија Штип слави една година постоење. Поканети се сите:

„Во големата сала на хотел „Оаза“ од 18 ч. Ќе прославиме една година од формирањето на ГДУ Штип , локалниот клуб.По тој повод ги каниме сите наши членови, симпатизери,сите граѓани заинтересирани да дојдат да прославиме заедно за тој убав јубилеј. Исто така ги каниме сите политички партии кои функционираат на територија на Штип , бидејќи спрема нас ривалството во политиката треба да биде ривалство на идеи ,а не борба помеѓу непријатели кои се борат за парче плен ,а нашиот град и нашата држава не се парче плен ,така да секој еден заинтересиран повелете да прославиме заедно“ изјави Борче Пачемски, претседател на ГДУ – Штип

Извор: ТВ Стар