|

Османи во Радовиш и Штип: Да поставиме ѕид против изолацијата и блокадата

Караванот на Европскиот фронт денеска во Радовиш и Штип. Кандидатот за претседател Бујар Османи придружуван од првиот човек на Турската демократска партија (ТДП), Бејџан Иљјас оствари средби со граѓаните.

Кандидатот на Европскиот фронт, како што стои во соопштението, учествуваше и на отворањето на изборниот штаб на ТДП во Радовиш, а потоа и на партискиот митинг во Штип.

Османи им се заблагодари на граѓаните за поддршката: „Поддршката е најголемата чест во животот што ми ја давате. Ќе ја почитувам вашата поддршка со целото мое битие. Нема да ве разочарам“.

„Верувам дека оваа земја заслужува повеќе. Сакам сите заедници да успеат во и низ оваа држава. Затоа го формиравме овој Европски фронт. Да поставиме ѕид против национализмот, ѕид против изолација и блокада и да овозможиме европска интеграција. На овие избори не зборував за себе затоа што во рок од 7 години имавте можност да ме оцените“, рече Османи пред присутните.

Вети дека доколку ја добие поддршката, Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година. Тој истакна дека тоа е единствената алтернатива за децата да не бегаат од државата.

Османи во Радовиш и Штип, покрај средбите со граѓаните, оствари средби и со чаршиските еснафи, ги посети бизнисите од регионот и се запозна со проблемите, предизвиците и можностите за подобрување на економијата..



Слични Објави