НОВИОТ ВИД КОРОНАВИРУС МОЖЕ ДА СЕ РАШИРИ 70 ПРОЦЕНТИ ПОБРЗО, ПРЕДУПРЕДУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ

Ширењето на новиот вид коронавирус во Велика Британија предизвика паника во јавноста во последните денови, но го подигна алармот и кај експертите и политичарите.

loading...

Лабораториските експерименти спроведени на Универзитетот во Кембриџ укажуваат на можноста овие нови мутации да ја дуплираат инфективноста на вирусот во примероците на клетките.

Новиот вид првпат беше откриен во септември. Во ноември околу една четвртина од случаите во Лондон веќе припаѓаа на новата варијанта, а во средината на декември, дури две третини. Ова може да значи дека се шири побрзо и дека постепено ги заменува другите варијанти затоа што е позаразна. Заклучокот е дека е можно да се рашират 70 проценти побрзо од досега доминантниот вид, предупредуваат експертите.

Најстрогите епидемиолошки мерки од четврти степен се започнати во Англија, Шкотска и Велс, а голем број земји во ЕУ, како и Канада, Чиле и Аргентина, вонредно забранија летови од Велика Британија во недела. Одржан е итен телефонски состанок на лидерите на ЕУ на тема ширење на новиот вид, а исто така беше информирана и Светската здравствена организација.



loading...

Засега нема доволно докази дека станува збор за поопасен вирус или дека веќе развиените вакцини нема да штитат од него. Но, постојат три клучни проблеми што ги мачат експертите и политичарите:

Дали новиот вид навистина се шири многу побрзо од постојниот, дали е можно да предизвика посериозна болест и колку е опасно да мутира и на тој начин да стане отпорен на вакцините?

Извор: Макфакс