Бугарските фудбалски легенди Стоичков и Балаков ќе учествуваат во хуманитарен голф-турнир кај градот Разлог во Бугарија
Бугарските фудбалски легенди Христо Стоичков и Красимир Балаков ќе учествуваат на вториот хуманитарен голф-турнир на Фондацијата „Национали 94“, кој на 31 јули и 1 август ќе се одржи во „Пирин голф и кантри клуб“ кај Разлог, јавува Пиринско.
Средствата ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема за одделението за реанимација во болницата „Токуда“, каде што 40 дена се лекувал покојниот легендарен бугарски голман Борислав Михајлов, претседател на Фондацијата „Национали 94“. Со парите од првото издание била обезбедена опрема за Националната детска кардиолошка клиника.
Секој тим ќе има една фудбалска легенда и тројца голфери, а ждрепките ќе се одржат на 30 и 31 јули. Меѓу учесниците се и Хулио Салинас, Пачи Салинас, Томас Бертолд, Ули Боровка, Фреди Бобич, Франц Волфарт, Манфред Жак и Јозеф Дегеогри.
