Државната секретарка во МВР на средба со претставникот на УНХЦР во земјата, Габриел Гуалано де Годој
Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Магдалена Несторовска, оствари протоколарна средба со новоназначениот претставник на УНХЦР во земјавт, Габриел Гуалано де Годој, посакувајќи му добредојде во земјата и успешен мандат.
На средбата од страна на двајцата соговорници беше истакната исклучителната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и УНХЦР за што беа изразени заемна благодарност и признание. Беа потенцирани некои поважни моменти од соработката во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можните идни чекори во однос на натамошната соработка.
Државната секретарка Несторовска изрази заложби и отвореност за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР, особено во однос на заштитата на бегалците и искоренување на појавата на бездржавјанството. Притоа во однос на досега постигнатото Гуалано де Годој ја пренесе благодарноста, но, како што посочи, и признанието од високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, г. Гранди, дека Република Северна Македонија се цени како лидер не само во регионот туку и во светски рамки изразувајќи отвореност за натамошна поддршка од УНХЦР за прашања од заемен интерес.<