ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО ВООРУЖЕН НАПАД ВО БОЛНИЦА ВО ЧЕШКА ОСТРАВА

Најмалку шест лица се убиени во пукотница во болница во чешкиот град Острава, јавуваат медиумите. Нападот се случил утринава во 7 часот.

Полицијата ја евакуирала болницата и го бара напаѓачот, кој е во бегство. На местото на нападот се наоѓаат припадници на специјалната полиција.

Полицијата претходно јави дека четири лица се убиени, а двајца тешко се ранети, но во меѓувреме бројот на загинати се зголеми на шест.

Според непотврдени информации, напаѓачот бил облечен во црвена јакна.