| |

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов заедно со своето семејство присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на лицата со попреченост во општина Ранковце

Под мотото ” Inclusion Matters ! We are all equal ” во The Countryside – зелен комфорт центар во Општина Ранковце се одржа инклузивен и милтимедијален настан по повод Светскиот Ден На Лицата Со Попреченост. Главните организатори на настанот се Pink Support и Здружение Хендикеп Плус.

Тие обезбедија убава атмосфера во која повеќе од триесет лицата со попречености и нетипичен развој, како и сите други присутни да уживаат во дружењето со животни кои се вдомени од улица во The Countryside – зелен комфорт центар во Општина Ранковце. Благодарение на волонтер од Horse Riding club Animals/Коњички Клуб Анималс дел од лицата кои се движат во количка прв пат јаваа на коњ.

Меѓу гостите на настанот беа амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана, а исто така и претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Со зборови на подршка, тие напоменаа дека Европската Унија е унија на еднаквост и дека дека лицата со попреченост треба да можат подеднакво да учествуваат во сите области на животот. Европската Унија неуморно работи на создавање на инклузивно опкружување и работењето под соодветни стандарди за сите.

Свои излагања имаа и градоначалниците на општина Крива Паланка и на Општина Ранковце.

Младите уметници од Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ преку цртање на мурали на ѕидовите од овој центар пренесоа силна порака за зачувување на еколошката средина и свет со инклузивност.

На настанот се приклучи и Alliance for Regional and Civil Initiatives ARCI од Благоевград како и многу други општествени чинители.



Слични Објави