Јанев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон РС Македонија

//

„Политиката и позицијата на службената Влада во однос на РС Македонија остануваат непроменети. Тоа беше потврдено вчера во Брисел. Оваа политика и однесување на Бугарија е постојано соопштувана“, изјави денеска службениот премиер Стефан Јанев во однос на темата за односите меѓу Софија и Скопје, пренесува БГНЕС.

„Она што го наследивме на почетокот на мај, вели Јанев, е дека бугарската позиција не беше добро разбрана од нашите партнери во Европската унија. Односно, тоа е тоа што го правиме, иако со задоцнување. Објаснуваме и нема да отстапиме. Станува збор за бугарскиот национален интерес и правата на граѓани на земја членка на ЕУ“, категоричен е Јанев.



Претходна статија

Променливо облачно време со температура до 13 степени

Следна статија

Заев утре ќе ја поднесе оставката од лидерската позиција во СДСМ

Најново од Вести