| |

СТОЛТЕНБЕРГ ДОАЃА ВО ДВОДНЕВНА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Во дводневна официјална посета на Република Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Првот човек на НАТО во Скопје треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба. Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот на пратеници, по што е предвидена и заедничка прес-конференција. Генералниот секретар Столтенберг ќе слета вечер на аеродромот во Скопје, а ќе го пречека министерката Шекеринска. Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска. Според агендата од прес-службата на НАТО, Столтенберг во Скопје ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Во пресрет на референдумот, во Скопје неделава доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.



Слични Објави