| |

АВМУ: ПРОПАГАНДАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ТРЕБА ДА СЕ ОДВОИ ОД ДРУГИТЕ СОДРЖИНИ НА МЕДИУМИТЕ

Агенцијата за аудио и аудоиовизуелни медиумски услуги на Македонија предупреди дека јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите.

АВМУ потсетува дека платената јавна пропаганда согласно Упатството за медиумското претставување за време на референдумот од 17 август 2018 треба да се емитува во дополнителните девет минути на реален час кои се исклучиво наменети за платена јавна пропаганда за референдумот, а не во редовното време за емитување реклами од 12 минути.

Агенцијата очекува сите радиодифузери во најкус рок да го усогласат емитувањето на рекламите од оваа кампања со регулативата.



Слични Објави