КОНЦЕРТ НА АКАДЕМСКОТО КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ вечер во Националната Опера и Балет ќе одржи „Генерацискиот концерт” по повод 70 години негово постоење.

На концертот ќе учествуваат фолклорниот ансамбл, академскиот хор и народниот оркестар, како и уметници кои твореле изминатите години во друштвото.

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Тоа седум децении е подвижен музеј на непроценливото македонско богатство, кое претставува историја и идентитет на македонскиот народ.

АКУД „Мирче Ацев“ е формиран од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1949 година како потреба на студентската младина да ги собира, негува и обработува македонското фоолкорно богатство, ората, песните, инструментите, богатите оригинални носии, македонскотоо хорско пеење со цел да го презентира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во земјава и надвор од неа преку фестивали, концерти и други настани во областа на културата.