ГОЛЕМ ПОЖАР МУ СЕ ЗАКАНУВА НА СИДНЕЈ
Огромниот пожар што беснее во близина на Сиднеј моментно не може да се изгасне, соопштија пожарникарските служби од Австралија, кои се борат со пожари низ целата земја, јави Би-Би-Си, пренесува Скопје1.
Пламенот кој зафати 300.000 хектари земјиште е одалечен само еден час возење од најнаселениот град во државата. На жителите на таа област им е кажано да заминат, пренесува Би-би-си.
Од октомври, во пожарите низ Австралија загинаа шест луѓе и уништени се над 700 домови.

