|

КРИВИЧНА ЗА СТРУЖАНЕЦ, БЕЗ ДОЗВОЛА ПОСЕДУВАЛ ЛОВНА ПУШКА И МУНИЦИЈА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Л.(53) од с. Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар.



Слични Објави