| |

Сестрата на специјалната обвинителка Катица Јанева предложена за директор на Комисијата за хартии од вредност ?!

Со потпис на премиерот Зоран Заев, до Собранието е испратено барање во кое се предлага Лиле Делиџакова, сестра на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, да биде избрана за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност.

Лиле Делиџакова, сестра на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е предложена за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност, поради нејзиното професионално искуство, велат од Владата.

-Владата на РМ во изборот на предлог за имиња на членови на Комисијата за хартии од вредност, се водеше по принципот кој од кандидатите има соодветно професинално искуство – изјавија накусо од таму.

Слични Објави