ОДБИЕНИТЕ КАДЕТИ БАРААТ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД СПАСОВСКИ

//

Полициските кадети од последната класа 2017/2018 година кои не добија решенија од Министерството за внатрешни работи и денес пред МВР побараа средба и објаснување од министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски зошто немаат писмен документ дека се одбиени и од која причина, пишува „Вечер“.

Тие се пожалија дека МВР објаснило дека тие не се примени бидејќи имале криминални досиеа и појаснија дека кога конкурирале за обуката сите поднеле потврда за неосудуваност.

Кадетите бараат извинување од МВР и нагласија дека доколку полицијата смета дека се криминалци, тогаш заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу да понесе одговорност бидејќи тој ги потпишал нивните договори.

 



 



Претходна статија

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА 98. РОС-РОТ СЕМИНАР

Следна статија

ДАЛИ БИ СЕ ОСМЕЛИЛЕ ДА НАПРАВИТЕ ВАКОВ МАНИКИР ?!

Најново од Вести