Претседателот Бегај утре во дводневна посета на Косово

/

Албанскиот претседател Бајрам Бегај на покана на неговата косовска колешка Вјоса Османи- Садриу, утре ќе отпатува во дводневна официјална посета на Косово, соопштија од неговиот кабинет.

Со сите државнички почести тој на свечена церемонија ќе биде пречекан од домаќинката, по што ќе имаат средба во четири очи а веднаш потоа следува средба на делегациите на двете земји и прес – конференција.

Утре, првиот ден од посетата предвидени се и средби со спикерот на парламентот Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.

Исто така Бегај ќе оддаде почит на споменикот на исчезнатите, на првиот косовски претседател Ибрахим Ругова а ќе ја посети музејската куќа на фамилијата Јашари.

Во вторник се очекува да има средби со претседателот на Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, со претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Лумир Абдиџику, со претседателот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај и со лидерите на малцинските партии.



Потоа се очекува средба со командантот на КФОР и посета на војниците на албанските вооружени сили, кои служат во КФОР (Пеќ).

Ќе го посети и Призрен каде ќе се сретне со градоначалник на овој град а посетата ќе ја заврши со посетата на Комплексот посветен на Призренската лига.

На Бегај ова му е прва посета во друга држава, по преземањето на претседателската функција на 24 минатиот месец.

Претходна статија

СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Следна статија

(Видео) Автобус со српски регистарски таблички се преврте во Бугарија

Најново од Вести