| |

МВР: ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ГО ПРЕКРШИЛЕ 33 ЛИЦА, 25 БЕА ПРИВЕДЕНИ

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале вкупно 33 лица во целата држава, при што приведени биле 25, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Според МВР, за изминатото деноноќие на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација. А при извршените контроли од полициски службеници кај лица во изолација и самоизолација, не било евидентирано прекршување на мерките за изолација и самоизолација.

Слични Објави