10 ВИСТИНИ ЗА ВРСКИТЕ И МАЖИТЕ

  1. Среќен крај не е да пронајдете човек кој ќе биде покрај вас, туку да се пронајдете самите себеси

    Секој филм што го гледаме, секоја бајка што ни се раскажува е за тоа како треба да го дочекаме среќниот „крај“ со нашиот принц. Но во љубовта и врските нема правила, па затоа честопати се судруваме и со разделба. Понекогаш толку многу се фокусираме нашата врска да биде совршена што избегнуваме да ги прочитаме знаците дали ние навистина сме среќни со тој човек или не. Среќниот „крај“ не мора да вклучува маж во животот на една жена. Да се пронајдеш себеси, она што те прави насмеана, полна со самодоверба и задоволна е најмоќниот клуч за доживотна хармонија и радост.


    2. Додека продолжуваме да наоѓаме оправдувања за лошото однесување на човекот до нас, ние само продолжуваме да се повредуваме самите себе

    Доколку вашиот партнер се однесува како да не му е гајле за вас, нему навистина и не му е гајле. Не постојат никакви исклучоци!

    3. Кога тој ќе си замине, а потоа ќе ви каже дека му недостигате, тоа не е затоа што тој сака да ве сака, туку затоа што тој сака уште да го сакате.

    Никогаш не се плашете дека ќе изгубите ваква личност. И треба да ја „изгубите“. Не заборавајте, вие сте девојката која била напуштена. Тој можеби се кае, но сепак е истиот тој човек кој што ви го скршил срцето. Кога еднаш се „пресрамил“ за ваков чекор нека не ве чуди дека и во иднина ќе го направи истото и вие повторно ќе бидете повредена.

    4. Оној кој вели дека не може да биде со вас поради околностите на неговиот живот, едноставно не ве сака во неговиот живот

    Ако мажот сака да биде со жена, тој ќе биде со неа и ништо друго нема да му е важно“.

    5. Мажот кој се однесува топло-ладно со вас, не ве заслужува!

    Вие заслужувате да бидете со некој кој е внимателен цело време!

    6. Клучот за запирање на болката е да одлучите да ја изберете реалноста пред илузијата

    Однесувајте се кон мажите и прифатете ги такви какви што се, а не такви какви што вие би сакале да бидат!

    7. Да се ​​запрашате што требаше да направите за да избегнете да ве напуштат, значи да се казните себеси за неговите грешки

    Не прашувајте се „зошто сѐ тргна наопаку и што требало да направите поинаку. Не си го мачете срцето и умот со тоа зошто ве напуштил. Немојте да си ги враќате лошите спомени и да се преиспитувате дали тој бил искрен со вас или ве лажел. Не вреди. Тој човек веќе не е дел од вашиот живот и единствено нешто за кое што треба да се грижите како да си го помитенете денот исполент со убави работи.

    8. Кога мажот покрај вас одбива да ги прифати луѓето кои ви се важни , тоа е затоа што вие не сте доволно важна за него.

    Секој маж што вистински ве сака, ќе направи обид да има во најмала мера умерена културна комуникација со вашите пријатели и семејството.

    9. Не можете да промените никој освен себеси

    Мажите најчесто го кажуваат тоа што во суштина се цело време. Кога мажот ќе ви каже дека не сака сериозна врска, најдобро е да му верувате.

    10. Кога ќе се ослободите од човекот кој не е за вас, оној што навистина е за вас, ќе дојде кај вас!

    Некаде има маж, кој ќе биде навистина среќен што не сте му се вратиле на вашиот поранешен дечко 🙂