Д-Р АРБЕН ТАРАВАРИ ВО ОДБРАНА НА ПРОСВЕТНИОТ ИНСПЕКТОР ИЛИЕВСКИ

//

Повеќепати реагирав за неправдата и заканите кон просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски. Овој човек и неговата приказна се вистинско олицетворение за опасноста со која што се соочува секој оној кој што ќе реагира на незаконитоста и аномалиите во оваа држава. Во секое демократско општество досега ќе имаше одглас од институциите, навремен одговор на она што се случува, превенција лошото да не стане уште полошо, а не обратното, испраќање силна порака дека оние што си играат со Семоќните дебело ќе ја платат за тоа.

Овие наши институции, за жал, не се се подготвени за егзистенција и учење од културата во која само еден Твит може да стане голема вест, а само една изјава може да го преврти системот наопаку, иако истиот тој систем, за жал, одамна ни е поставен така.

Окото на гледачот и читателот, увото на слушателот, традиционално се изложени на информација за ПОСЛЕДИЦАТА и КАЗНАТА кон поединецот кој се спротивставува на аномалиите, а не КАЗНАТА И ПОСЛЕДИЦАТА за системот преполн со аномалии. Невролошки објасниво е дека сите ние се водиме од некакви навики, кои ни кажуваат што да правиме во секојдневието. Но навиката, дами и господа, е менлива работа. А за да се случи тоа мора да одлучиме да ја промениме. Редно е да се откажеме од лошата навика патот да ни го покажуваат дилетанти, аматери, импровизатори и криминогени структури. Единствениот добар начин за да се отстранат лошите навики е нивната замена со добри, напиша на својот профил градоначалникот на Општина Гостивар, д-р Арбен Таравари.





Претходна статија

АДВОКАТКАТА СУЗАНА ЈОШЕВСКА БАРА РУСКОВСКА ДА ГИ ОТВОРИ КАРТИТЕ ЗА КОЛЕГИТЕ ОД СЈО

Следна статија

ЕЛИФ ЕЛМАС СЕ СЕЛИ ВО НАПОЛИ ЗА 16 МИЛИОНИ ЕВРА

Најново од Вести