ГЕНЕРАЛ К.КИРОВ: СРБИЈА БИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ НАЈНЕЗАДОВОЛНА ОД ПОКАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

//

Србија би требло да биде најнезадоволната држава од поканата за влез на Македонија во НАТО, изјави поранешниот началник на бугарското воено разузнавање генерал Кирчо Киров за бугарската агенција Фокус. Според Киров тоа е така бидејќи Србија и Република Српска ќе останат единствените земји на Балканот, што директно ги штитат интересите на Русија, освен тоа Белград ќе граничи со повеќе земји членки на НАТО. Тој додаде дека Турција сака да го ограничи грчкото влијание во Кипар и посебно во Македонија.  Генерал Киров потсети и на долгогодишната поддршка на Анкара за турските малцинства на Балканот, како и на поддршката за армијата на Македонија.





Претходна статија

СУДИЈАТА БОЛЕН- „ТЕНДЕРИ“ ОДЛОЖЕН ЗА 25 СЕПТЕМВРИ

Следна статија

МИРОВНИОТ КОРПУС СО ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Најново од Вести