СУДИЈАТА БОЛЕН- „ТЕНДЕРИ“ ОДЛОЖЕН ЗА 25 СЕПТЕМВРИ
Судијата Осман Шабани е болен и поради таа причина денеска во Кривичниот суд во Скопје не се оддржа рочиштето за предметот на СЈО „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Новото рочиште по предметот е закажано за 25 септември, кога ќе бидат сослушани сведоците на обвинителството и одбраната. Втор, резеревен термин за ново рочиште е утврден за 4 октомври. Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.

