МАЛТА СО НЕДВОСМИСЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА МАКЕДОНИЈА

//

Претседателот на Претставничкиот дом на Малта, д-р Анџело Фаруџа, за време на својата средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, истакна дека и покрај тоа што Малта е најмалата земја членка на Европската Унија, дава недвосмислена и безрезервна поддршка на Република Македонија во процесот на отпочнување на преговорите за полноправно членство во европското семејство. Од своја страна претседателот Џафери изрази благодарност за воспоставувањето на дипломатските односи со Република Малта на крајот од 2016 година, бидејќи тоа претставува одлична основа за интензивирање на идната заедничка соработка на сите нивоа и во домените од заеднички интерес, особено во контекст на европските интеграциски процеси на Република Македонија.  Џафери и Фаруџа се сретнаа на маргините на Третиот самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа, што се одржува на 12 и 13 јули во Варшава.

 

 





Претходна статија

НОВИ РОЧИШТА ЗА „НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАР“ И „ТЕНДЕРИ“

Следна статија

СУДИЈАТА БОЛЕН- „ТЕНДЕРИ“ ОДЛОЖЕН ЗА 25 СЕПТЕМВРИ

Најново од Вести