НОВИ РОЧИШТА ЗА „НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАР“ И „ТЕНДЕРИ“

//

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во општина Центар“ и „Тендери“. На минатото рочиште за предметот „Насилство во Центар“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица, беа сослушани тројца поранешни советници во општина Центар.  На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка. Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.

 





Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ НЕ САМО ШТО МОЛЧИ ЗА НЕПРАВДАТА И СВИРЕПИТЕ УБИСТВА, ТУКУ И ГИ ПРИКРИВА СТОРИТЕЛИТЕ

Следна статија

МАЛТА СО НЕДВОСМИСЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести