| |

Стоев: Да запре говорот на омраза кон Бугарија, довербата е изгубена

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска повторно повика дека говорот на омраза во билатералните односи на РС Македонија со Бугарија мора да исчезне. Стоев учествуваше на виртуелната дискусија за приоритетите на словенечкото претседателство.

Бугарскиот шеф на дипломатијата потсети на изјавата од настан на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека „не можеме да сакаме да бидеме во едно семејство и да продолжиме да го користиме тој вулгарен јазик во јавноста, и од политичките сили“

„И најлошото нешто е што тие се во младинското движење“, истакна тој, пренесува БТА.

Пред неколку денови беше објавен говор на член на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во кој тој, меѓу другото, кога зборува за Бугарија вели „Нема да има промена во историјата по волја на татарските фашисти, извинете администатори“. Во истиот говор членот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вели дека заедничка историја на Бугарија и Македонија биле „двете црвени“.

„Довербата е изгубена и затоа што голем број политичари од Република Северна Македонија избраа да ги посетуваат главните градови на земјите-членки на ЕУ, наместо да доаѓаат во Бугарија и да разговараат со своите партнери тука, посочи тој.

Крајно време е, вели тој, да се разбере дека најдиректен начин за решавање на ова прашање е билатералниот дијалог.



Слични Објави