Јанша: Ја разбирам позицијата на Бугарија за ветото врз РС Македонија

//

„Кога сме во едно семејство, неговиот интерес е на прво место, а потоа и интересот на другите“, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша за Бугарското национално радио.

Јанша во одговор на прашање на БНР рече дека ја разбира позицијата на Бугарија за нејзиното вето за почетокот на преговорите со Северна Македонија, бидејќи Бугарија е земја-членка на Унијата.

„Ние секако ја разбираме позицијата на Бугарија, таа е земја-членка. Во исто време, ние мора да дејствуваме како семејство, во спротивно ќе се најдеме под закана. Но, мора да се обидеме да најдеме компромис. Последниот предлог на португалското претседателство беше продолжување на преговорите. Добро е Бугарија да прифати нација која зборува сличен јазик и има слична култура. Можеби е спорна точка, но треба да имаме стратешки поглед на работите “, вели Јанша за БНР.

Претходно, словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар изјави дека една од неговите први посети ќе биде во Бугарија, во обид да се реши ова прашање.





Претходна статија

Стоев: Да запре говорот на омраза кон Бугарија, довербата е изгубена

Следна статија

ГЕРБ и СДС ја информирале ЕНП за говорот на омраза на настан на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од Вести