Денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот- подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор!
“Денеска во раните утрински часови започаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите. Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот.
Објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.