Итна седница во Собранието за разрешување на Филипче и Хасани бара ВМРО-ДПМНЕ

/

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесува иницијатива за свикување  итна седница на Собранието за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче, и разрешување на заменикот министер за здравство, Илир Хасани.

Пратеникот од опозициската партија, Антонијо Милошоски праша уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија која, како што рече, е резултат на неодговорноста на власта.

„Во Романија пред 5 дена се случи пожар во болница со загубени 5 човечки животи. Во Македонија пред еден месец изгоре модуларната болница во Тетово, но во Романија падна целата Влада, а во Македонија падна продолжниот кабел со којшто премиерот Заев ја потценува интелигенцијата на сите граѓани и сака да ја сокрие одговорноста на неговиот инкасатор Венко Филипче, министер за здравство. Затоа сметаме дека зелената агенда на ДУИ и СДСМ, за жал, изгоре со тетовската модуларна болница, со којашто изгоре и принципот за политичка и објективна одговорност на носителите на јавни функции коишто треба да се грижат за здравјето на граѓаните, а гледаме дека здравјето и животите на 14 луѓе беа колатерална штета на неодговорната власт“, изјави Милошоски.



ВМРО-ДПМНЕ очекува од претседателот на Собранието да ја закаже седницата во рок пократок од 10 дена, бидејќи цени дека состојбата е од итен карактер и треба итно да се разреши.

Извор: Темите

Претходна статија

Алијанса за Албанците и Алтернатива: ДУИ злоупотребува деца во предизборна кампања

Следна статија

Денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот- подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор!

Најново од Вести